Изјава за приватност при вршење на видео надзор

Со оваа Изјава за приватност се објаснува видот на лични податоци што ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ с.Липково, во својство на Контролор на лични податоци  ги собира и обработува преку системот за вршење на видео надзор поставен во Ла Плаза Мол во Куманово.

  1. Зошто ги собираме (обработуваме) Вашите лични податоци?

ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ ги собира Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор поставен Ла Плаза Мол во Куманово. Камерите за видеонадзор се поставени и фокусирани така што го снимаат подрумскиот дел каде се наоѓа паркингот, приземјето на трговскиот центар, просторот помеѓу катовите и првиот кат. Камерите се поставени на влезовите во трговскиот центар, кон електро собите, магацинските простории како и на одредени локации во коридорите при што го снимаат просторот на трговскиот центар, а притоа не ги снимаат во внатрешноста на одделните локали (продавници). Камерите не опфаќаат ходници и влезови во тоалети или внатрешност на лифтови. Надворешните камери се поставени на 26 места на самиот објект и снимаат простор околу трговскиот центар.Системот за видеонадзор е поставен и се користи за безбедносни цели, заштита на животот и здравјето на луѓето како и заштита на сопственоста односно спречување, откривање и испитување на кражба или оштетување на имотот.

Системот за вршење на видео надзор не се користи за ниту една друга цел, освен за погоре наведените.

Видео камерите се поставени така што обезбедуваат единствено визуелни снимки на физичките лица – ликот и физичкиот изглед на вработените и посетителите на Ла Плаза Мол во Куманово.

Системот за вршење на видео надзор не се користи како истражна алатка или за да се добијат докази за внатрешни истраги во ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ, освен ако не е во прашање безбедносен инцидент поврзан со целта заради која е воспоставен видео надзорот согласно Законот за заштита на личните податоци. (Во исклучителни околности, податоците може да бидат пренесени до надлежните органи во рамките на формална кривична постапка).

  1. Какви податоци собираме?

Преку системот за вршење на видео надзор, ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ собира само визуелни снимки од физички лица – ликот и физичкиот изглед на субјектите кои влегуваат во фокус на камерите.

  1. Кој е одговорен за обработка на податоците?

ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ врши обработката на личните податоци и ги утврдува целите на обработка, во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Камбер Азизи, вработен во ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ, е контакт лице за прашањата поврзани со вршењето на видео надзорот.

  1. Кој е правниот основ за обработка на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор?

ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ користи опрема за видео надзор за обезбедување:

  • контрола над влегувањето и излегувањето од Ла Плаза Мол за безбедносни цели и
  • заштита на сопственоста

Затоа, обработката е законска согласно член 90 од Законот за заштита на личните податоци.

Покрај тоа, на влезовите во Ла Плаза Мол и на одделни фрекфентни локации има видливо и јасно истакнато известување за видео надзорот кое им овозможува на вработените и посетителите на на Ла Плаза Мол да се запознаат со вршењето на видео надзорот, како и за називот на контролорот кој го врши видео надзорот, но и за начинот на кој може да се добијат информации за тоа каде и колку време се чуваат снимките од системот за видео надзор.

  1. Кој може да ги види Вашите лични податоци?

До видео записите може да пристапи само администраторот на системот за вршење на видео надзор и овластеното лице за видео надзор. Пристапот до целсониот систем во кој се чуваат видео записите е ограничен на администраторот на системот за вршење на видео надзор, кој е овластен од страна на управителот на ЛИКО ПРОЕКТ ДООЕЛ. Пристапот е заштитен со примена на технички мерки за безбедност на податоците (лозинка, електронски запис за секој настан или акција од овластените лица).

  1. Како да ги контролирате Вашите лични податоци?

Доколку имате какво било прашање во врска со обработката на Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор, може да испратите барање на kamber.azizi@gmail.com

  1. Дали можете да пристапите до Вашите лични податоци?

Вие имате право да побарате потврда дали се обработуваат Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор, како и да пристапите до Вашите податоци во секое време и бесплатно, со испраќање на барање на kamber.azizi@gmail.com   

  1. Дали можете да ги менувате Вашите лични податоци?

Не е дозволено изменување на видео записот од извршениот видео надзор.

  1. Дали можете да побарате ограничување на обработката на Вашите лични податоци?

Вие имате право да ја ограничите обработката на Вашите лични податоци преку системот за вршење на видео надзор, во секое време со испраќање на барање на kamber.azizi@gmail.com во случај кога ја оспорувате точноста на Вашите лични податоци, или кога нам повеќе не ни се потребни податоците за остварување на целите на обработката. Вие исто така, можете да ја ограничите обработката и кога обработката е незаконита, а Вие се спротивставувате на бришењето на личните податоци. Сепак, ограничувањето на обработката на Вашите лични податоци не е можно во случај на службена истрага.

  1. Дали можете да побарате бришење на Вашите лични податоци?

Вие имате право да побарате бришење на Вашите податоци обработени преку системот за вршење на видео надзор, во секое време со испраќање на барање на kamber.azizi@gmail.com во случај кога личните податоци биле незаконито обработени или повеќе не се потребни за целите за кои биле собрани.

  1. Дали ги споделуваме Вашите лични податоци со трети страни?

Вашите лични податоци ги чуваме и не ги споделуваме, освен ако Вие не побарате или пак дадете согласност истите да бидат споделени. Во случај на споделување на Вашите податоци со трети страни, ќе бидете известени на кого се откриени, за која цел и врз кој законски основ.

  1. Дали имате право на приговор?

Да, имате право на приговор и да се спротивставите на обработката во кое било време со испраќање на барање на kamber.azizi@gmail.com кога имате легитимни причини во врска со Вашата конкретна ситуација.

  1. Што можете да направите во случај на проблем?

Првиот чекор е да не известите за проблемот на е-адреса: kamber.azizi@gmail.com и да побарате да преземеме конкретна активност. Во секое време можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на личните податоци www.azlp.mk, која ќе постапи по Вашето барање и ќе ги преземе потребните мерки.

  1. Кога започнува обработката на Вашите лични податоци преку системот за видео надзор?

Обработката на Вашите лични податоци преку системот за вршење на виде надзор, започнува во моментот кога ќе влезете во фокусот односно видокругот на камерите кои се поставени во Ла Плаза Мол во Куманово и трае додека не излезете од фокусот односно видокругот на камерите.

  1. Безбедност на личните податоци

Ние сме посветени на заштита на Вашите лични податоци. Затоа, обезбедуваме соодветни технички и организациски мерки за безбедност при обработката на личните податоци преку системот за вршење на видео надзор со кои се гарантира заштита на доверливоста, интегритетот и достапноста на Вашите лични податоци. Ние ги штитиме Вашите лични податоци од неовластен пристап и неовластена употреба или откривање на податоците.

  1. Колку долго ги чуваме Вашите податоци?

Снимките од видео надзорот, односно Вашите податоци ги чуваме до исполнување на целта заради која се врши видео надзорот, но не подолго од 30 дена, сметано од денот кога е направена поединечната снимка. По истекот на рокот од 30 дена, снимките од видео надзорот автоматски се бришат.