• ПРИЗЕМЈЕ
  • Понеделник – Сабота: 10:00-22:00
  • Недела и празници: 10:00-20:00

„Купувачот е нашиот шеф“ – ВЕРОПУЛОС

На овој пазар Веропулос е присутен од 1997 година со отворање на првиот супермаркет во Скопје. Со самото доаѓање во 1997 година, претставува една од поголемите странски инвестиции од осамостојувањето на државата. Со своето започнување со работа, Веро внесе нов тренд и поинаков начин на пазарување во согласност со сите европски стандарди и методи на работа во малопродажниот бизнис.

Нашата основна активност и определба е ширење на синџирот супермаркети на места каде што потрошувачите ќе најдат сè на едно место, ќе пазарат по најповолни цени, ќе добијат најквалитетна услуга и, секако, ќе уживаат при пазарувањето.

Добро организираниот асортиман, контрола на квалитетот, беспрекорни услуги, континуирано присуство на промотивни и акциски продажби, ексклузивни производи и брендови кои се застапени само во маркетите на Веро бездруго се карактеристиките по кои ќе ги препознаете нашите супермаркети.

Денес Веропулос, по 26 години постоење, е присутен на овој пазар со 9 супермаркети во Скопје, 2 во Битола, 2 во Тетово и 1 Куманово. Вкупната површина на Веро супермаркетите изнесува над 25.000 m2, а има 1000 вработени.

Покрај нашата јасна определба за дефинирање и задоволување на потребите и желбите на нашите потрошувачи, важни компоненти за нас претставуваат ефикасната работа на вработените и партнерскиот однос со корпоративниот свет. Континуираното едуцирање и здобивање практично знаење на персоналот е со цел да се обезбеди и постојано да се подобрува квалитетот на услугите за сите потрошувачи.

Идните планови на Веропулос, кои се однесуваат на ширење на синџирот и отворање супермаркети во сите поголеми градови во земјата, гарантираат и отворање на нови работни места.

Докажан факт е дека компанијата Веропулос негува професионални и партнерски релации со сите свои комитенти. Условите за соработка, информациите, искуствата и новитетите кои Веропулос безрезервно ги дели со своите партнери и комитенти создаваат поволна бизнис- клима и отвораат нови предизвици за совладување во малопродажниот бизнис на овие простори.